(ВИДЕО) Манчевски: Трајановски ги задолжува скопјани за 7.300 000 евра за луксузната зграда на „Водовод“

Од:

„Коце Трајановски ги задолжува граѓаните на Скопје во висина од 7 милиони и триста илјади евра за луксузната административна зграда на „Водовод“. Иако кога започна да ја гради зградата, Трајановски тврдеше дека изградбата ќе се финансира од сопствени средства.

Овој кредит скопјани ќе треба да го враќаат во следните 12 години, со висока каматна стапка од 8%.

Имајќи во предвид дека проектираната зграда на Водовод има околу 5.000 м2 површина, цената на чинење на 1 метар квадратен во оваа луксузна зграда надминува неверојатни 2.000 евра!

Градоначалникот Коце Трајановски продолжува да се луксузира и да ги троши парите на граѓаните.

Опозиција постојано укажува дека ова е нелогичен и прескап проект.

По којзнае кој пат повторуваме дека најсоодветно е недоизградениот објект на Водовод, во сегашната состојба, да се продаде. Парите од продажбата би се искористиле за поскромен, енергетски ефикасен, нормален објект кој би ги задоволил потребите на вработените во Водовод“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател и советник во Советот на Град Скопје.

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери го прашува Коце Трајановски:

  • Зошто Трајановски инсистира на градење на луксузен објект за Водовод што ќе чини повеќе од 2.000 евра за метар квадратен? Кој профитира од оваа зделка?
  • Која е логиката да се гради луксузна зграда наместо парите да се наменат за изградба на водоводна мрежа и замена на постоечките азбестни цевки?
  • Дали е ова, како и сите други објекти од Скопје 2014, уште еден начин на кој Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ перат пари“.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата