Во центарот на Тирана денеска е убиен директорот на Банка Крединс, една од најголемите приватни банки во државата.
Артан Санто, еден од основачите на банката бил убиен додека влегувал во канцеларијата, соопшти полицијата.
Според сведоци на кои се повикуваат албански медиуми, две лица на мотор зборувале претходно со Санто, а потоа во него испукале шест куршуми. Мотивот за убиството засега е непознат. Санто (58) беше директор на банката 11 години.