Германската разузнавачка служба предавала информации од следени телефонски разговори на НСА

Од:

Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) следела телефонски разговори од Франкфурт и податоците ги предавала на американската Агенција за национална безбедност (НСА), објави денеска на својот портал германскиот весник „Зидојче Цајтунг“.

Донесена е одлука ваквата пракса да се прекине, бидејќи од политичка гледна точка, таа е многу деликатна, изјави за весникот претставник на БНД.

„Зидојче Цајтинг“ наведува дека на НСА не и биле предавани информации за германски државјани.

Операцијата траела од 2004 до 2007 година. Пракасата почнала за време на владеењето на коалцицијата на Германската социјалдемократска партија и Зелените. Активностите на БНД ги контролира парламентот на државата.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис