ЛДП ја исклучи Роза Топузова од ИО и од потпретседател на партијата

Од:

Централниот одбор на ЛДП ја исклучи Роза Топузова Каревска од Извршниот одбор на партијата и ја разреши од функцијата потпретседател на ЛДП.

Одлуката е донесена едногласно. Роза Топузова Каревска на последните предвремени парламентарни избори се наоѓаше на високото трето место во изборната единица 4 на листата на опозициската коалиција. Ова место го доби благодарение на договорот меѓу лидерите на опозицијата. Топузова Каревска не го испочитува ставот на нејзината партија да го врати пратеничкиот мандат. Ги прекина комуникациите со ЛДП, а лидерот на нејзината партија јасно кажа дека таа во Собранието може да ги застапува само своите интереси и ставови, но не и да ја претставува ЛДП.

За прв пат се појави на седницата на избор на Влада, сама во пратеничките фотељи резервирани за опозицијата и многумина критикуваа дека нејзиниот говор за Владата на Груевски бил блед, а не жесток како што таа најавуваше.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство