Во организација на Општина Велес и Здружението на граѓани „Гемиџии“ утре во 8 часот кај Мало Мовче во Вардар ќе заплови петтата обновена или 16 Вардарска регата „Гемиџии“.
Како што информира на денешната прес-конференција
На регатата годинава ќе се приклучат и гости од Бугарија, а низводно и учесници од Кавадарци и Неготино.
– Вардар е матен, но водостојот на реката Вардар е стабилен и поволен за пловидба, потенцира Здравковски.
Себо Шаќиров од ЗГ „Гемиџии рече дека годинава ќе биде промовирана новоизградената дрвена гемија по нацртот на гемиџиите со кои по Вардар пловеле велешките трговци пред сто и повеќе години
– Новата гемија е дрвена и помала од автентичната гемија со која пловеле гемиџиите, дрвото било специјално третирано неколку месеци, а ја изработил мајстор Стевче. Гемијата ќе ја возат искусни кајакари кои досега учествувале повеќе пати на манифестацијата и имаат солидно искуство, појасни Шаќиров.
Тој воедно информира дека на регатата освен гемијата како и досега ќе се учествува со гумена чамци, ќе плови и дрвениот сплав, а учесниците ќе имаат помош и поддршка од искусните велешки кајакари.