Женската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево во Кавадарци ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во 2015 година ќе се одржи во Унгарија и Романија.
Кошаркарките од Белгија ќе бидат противнички на избраничките на селекторот Горан Јовановиќ кои со пет порази во исто толку одиграни средби се „заковани“ на дното на табелата во „Б„ групата. Ова ќе биде и последна можност нашите кошаркарки барем да остварат една победа во овој квалификациски циклус.
Во вториот натпревар од оваа група вечер играат Велика Британија и Литванија, дуел кој директно ќе реши која од овие две селекции ќе го освои првото место во групата.
Табела: Литванија 4-1 (победи-порази), Велика Британија 4-1, Белгија 2-3 и Македонија 0-5.
Натпреварот Македонија – Белгија кој ќе се игра во салата „Јасмин“ ќе почне од 19 часот и 30 минути.