ФОТО: Припадници на полицијата спасуваа давеник во Охридското Езеро

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи, денеска на кејот на Охридското Езеро преку симулација ги презентираа вештините кои ги усовршија на специјалистичката обука во Охрид за спасување на давеник во вода и укажување прва помош. Обуката за спасување давеник во вода ја спроведоа сертифицирани инструктори од Црвениот крст – Охрид, додека пак обуката за укажување прва помош ја реализираа инструктори од Англија.

DSC00265

Оваа обука значително ќе придонесе во професионалното ефикасно и ефективно справување на полициските службеници со случаи на давеници во водите на Охридското Езеро и навремено давање на прва помош. Инаку, полициските службеници од граничната полиција се во постојан едукативен процес. Целта е да се обезбеди максимална безбедност на вода и мирно лето за охриѓани, но и за туристите во градот. Ние како полиција сме во постојана комуникација и соработка со Црвениот крст и спроведуваме вакви проекти – истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

stefan dimovski

Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко додаде дека соработката со „Флоријан“ од Англија години наназад дава резултати што помогнала и при обуката на полициските службеници. Тој додаде дека обуките во соработна со полицијата траат во текот на целата година и заедно во летниот период се грижат за безбедноста на пливачите во Охридското Езеро.

DSC00254

Години наназад соработката со „Флоријан“ ја крунисуваме со еден вид обука и соработка со припадниците на граничната полиција, езерската полиција и воопшто со полицијата. Проблематиката која што ја обработуваме е безбедност на вода, спасување на давеници од вода и укажување на прва помош. Проблематика која што постојано се менува, постојано се надоградува и затоа ги користиме овие ресурси на инструкторите од Англика кои секоја година доаѓаат овде. Обуките се навистина квалитетни, обучивме голем број на припадници на полицијата. Преку целата година, нашите инструктори кои ги стекнале лиценците по највисоките стандарди вршат обуки за припадниците на граничната полиција – нагласи Сашо Точко, претседател на Црвениот крст од Охрид.

saso tocko

DSC00269

DSC00240

DSC00252

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник