Прв состанок меѓу балканските и европските експерти за оружје

Од:

Примена на европските искуства и постоење на соодветно воспоставена регионална мрежа на експерти е од исклучително значење за сузбивање на нелегалната трговија со оружје. Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на првиот состанок меѓу групата експерти за оружје од земјите на ЈИЕ со претставниците на Европска група на експерти за оружје (EFE) што денеска и утре ќе се одржува во Скопје.

Според Јанкулоска, продлабочената регионална соработка е од суштинско значење во делот на планирање адекватни чекори за успешно справување со транснационалната димензија на нелегалната трговија со оружје.

– Република Македонија во координација со другите држави од регионот, но и со силна поддршка од Мрежата на европски експерти за оруже–ЕФЕ, како и со поддршка на Европол, пристапи кон реализација на идејата за воспоставување на експертска група за мерки против недозволена трговија со оружје во Југоисточна Европа, потенцираше Јанкулоска.

Постоењето на таква експертска група, како што нагласи, ќе овозможи брза размена на криминалистички и разузнавачки информации, како и развивање на поефективни истражни и разузнавачки стандарди, а дополнителен придонес ќе даде и во зголемувањето на оперативната соработка, како меѓу земјите од регионот и агенциите така и со земјите членки на Европската унија.

– Таквиот облик на делување ќе овозможи стандардизирање на начинот на собирање и обработка на статистички податоци и изготвување анализи кои се однесуваат на производството, складирањето и трговијата со огнено оружје и муниција, рече Јанкулоска.

На првиот состанок на експертските групи присуствуваа директорот на БЈБ при МВР Митко Чавков и РЈО Марко Зврлевски. Состанокот технички и финансиски е поддржан од TAIEX.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи