Еден милион евра народни пари за тераси во Владата

Од:

Над еден милион евра ќе ги чини граѓаните новата тераса со посебна заштита и кровна проодна тераса за објектот на Владата.

Службата за општи и заеднички работи денеска распиша оглас за најповолен понудувач кој би ги извел градежните и занаетчиски услуги кои се проценети на 68.000.000 милиони денари или 1.105.691 милиони евра без вклучен ДДВ.

Пресоблекувањето на Владата во духот на „Скопје 2014“ започна откако граѓаните гласаа како сакаат да изгледа објектот.

На ребрендирањето силно се спротистави архитектот на првичниот објект Петар Муличковски кој за неговото авторско дело има добиено меѓународни признанија и награди. Новиот барок изглед на Владата го проектираа архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатиновски.

Цената на основниот договор за пресоблекувањето на владата чинеше 9,2 милиони евра, а проектот за реконструкција го доби фирмата БАУЕР БГ која требаше за една година да ја адаптира новата барокна фасада.

Службата за општи и заеднички работи објави и оглас за набавка на цвеќе а проценетата вредност на оваа набавка е 2.000.000 денари без вклучен ДДВ.

Во огласот се бара набавка на икебани,венци, букети, внатрешни саксиски растенија, надворешни садници, посадочен материјал, саксии и жардињери, изнајмување на солитери во саксии и жардињери со свежо цвеќе.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски