НСДП: Популизмот на власта на грбот на најсиромашните

Од:

Претставувањето на Груевски како премиер кој води грижа за најсиромашните е само популистички обид за прикривање на реалната економска и социјална сосотојба во која се наоѓаат граѓаните во Македонија – се вели во соопштението на НСДП.

– Пред една година се воведе социјална мерка за надокнада од 700 денари за сметки за струја на социјалните случаи, но оваа мерка практично не профункцуинира. Во буџетот веќе една година нема доволно средства за континуиран и навремено исплаќање на оваа форма на социјална помош, што доведе и до исклучување од електричнта мрежа на голем број на социјално загризени семсјтва. Дали и сега, на овој начин Груевски ќе ги спасува социјалците? Зошто Груевски не ја потсети јавноста за оваа социјална мерка, која пред една година ја промовираше и воведе? За жал и понатаму сведочиме на лицемерието на власта кон социјално најранливите категории граѓани. Најнапред власта преку обврската за плаќање на радиодифуза такса дозволи сиромашните семејства да натрупаат долгови кон државата, па потоа со присилна наплата преку извршители да им накалеми парични побарувања кон државата, чии суми понекогаш се во износ еднаков да се плати радиодифузна такса однарпед за неколку години. Практично, државата преку извршители веќе си наплати радиодифузна такса од најсиромашните за наредните 5-6 години, а сега се претставува како „социјален спасител“, кој крати од МРТВ за да му даде на народот – стои во соопштението на партијата.

Од таму прашуваат дали ветувањата за отпишување на долговите претставуваат политичко лажење на народот, кога истовремено се води економска политика која континуирано креира нови задолжувања на граѓаните.

– За НСДП е неприфатливо судбината на најсиромашните луѓе да се инструментализира во популистички цели, во моменти кога економската политика на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се базира на постојано ново задолжување кое не е усогласено со реалните економски перформанси на македонската економија. Сите овие мерки, на отпис на долгови, легализацијата на објектите, ослободување од плаќање на радио дифузната такса, немаат сопствена реално економско и социјално оправдување, туку се само медиумски спектакал во кој Груевски треба да се претстави како спасител на „социјалнтие случаи“. Сето ова се случува во моменти кога 400 илјади луѓе од Македонија сопствената егзистенција ја најдоа надвор од државата, кога власта не сака да се откаже од буџетските непродуктивни трошења и се гордее на милионскиот проект Скопје 2014, кога власта не сака да ја напушти логиката на третирање на прегломазната државна и јавна админстрација како инструмент за вработувања по партиски клуч. Ваквите мерки на власта ги дискриминираат граѓаните на Македонија. Имено, што е побогат оној кој остварува 10.000 денари во месецот од оној кој остварува 8.000 денари. Нивната социјална состојба е иста. Но, оној кој остварува 8.000 денари во месецот е опфатен со социјалните мерки на Владата, а за оној кој остврува 10.000 денари во месецот нема социјални погодности. Сето ова значи само понатамошно загорчување на животите на најсиромашните семјства“, се вели во писменото соопштение.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски