ФОТО: Примопредавање на новиот објект на Велешкиот театар

Од:

Во Велес утре напладне свечено ќе биде примопредадена новата зграда на театарот-национална установа „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, инвестиција на Владата на РМ и Министерството за култура.

Објектот е изграден на 4.200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена со можност да прими од 50 до 110 посетители. Основниот сценски простор од големата сцена е од модуларен тип со три оркестарски и осум сценски платформи кои овозможуваат лесна, брза, безбедна трансформација и конфигурација на основниот сценски простор.

veleskiTeatar1

Објектот располага со опрема и уреди, аудио и видео системи од врвни светски производители, со можност за презентација на театарски дела со ефект и квалитет како во најсовремените театри во Европа и светот, со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од која било светска продукција.

– Новиот театар во Велес значи продолжување на успешната театарска традиција на овој град и подигнување на стандардите на театарската дејност, но овојпат во еден репрезентативен театарски објект со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси, соопшти Министерство за култура.

veleskiTeatar2

Во тек е и конкурс за избор на драмски текст кој до крајот на годината  премиерно ќе биде изведен на сцената на новиот велешки театар. Авторите може да пријавуваат свои драмски текстови напишани на македонски јазик, досега необјавени и неизведени. Конкурсот ќе трае до 20 август, а резултатите ќе бидат објавени на 5 септември.

– Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ заокружува период од 66 години театарска дејност во Велес, чии први нишки беа повлечени уште во 1874 година, кога била одиграна првата театарска претстава со која  актерите, локалните учители и ентузијасти го промовирале Велес како културен центар, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ

Маж допирал малолетничка во училиштен двор во Велес

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски