Со таблетите на др. Менгеле ќе изгледате како логораш

Од:

Eesti Ekspress естонски весник со голем тираж предизвика огорчување во целиот свет со објавената реклама на таблети за слабеење кои „ветуваат дека ќе бидете слаби како затворениците во нацистичките логори“.

Целата работа уште полоша ја прави тоа што во рекламата, која е објавена во делот на весникот наменет за хумор и сатира, се наоѓаат оригинални фотографии од концентрациониот логор Бухенвалд, со текст: „еден, два, три…Волшебни таблети за слабеење на др. Менгеле ќе ви помогнат! Во Бухенвалд немало дебели!“

Очекувано весникот се најде на удар на жестоки критики, а рекламата особено ја осудија еврејските заедници, со коментар дека се работи за „перверзен обид за хумор на сметка на милиони жртви на нацистите“.

„Овој инцидент покажува дека естонското друштво минува низ морална криза“, изјави Ала Јакобсон, портпаролка на Еврејската заедница во Естонија.

Во озлогласениот логор Бухенвалд, чија фотографија е искористена во рекламата, биле убиени повеќе од 56.000 затвореници.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ