Политичките и социо-економските фактори кои може да придонесат за терористичко радикализирање и регрутирање, ќе бидат тема на дводневниот национален семинар „Сузбивање на насилниот екстремизам и радикализам кој води кон тероризам (ХЕПТ)“, што ќе се одржува од денеска во Скопје.
На семинарот е најавено присуство на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, американскиот амбасадор Пол Волерс и амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет.
На темата ќе разговараат околу 50 локални и меѓународни учесници, вклучувајќи експерти за безбедност и претставници на националните власти и граѓанското општество. На семинарот ќе се истражуваат и начините на кои јавниот и приватниот сектор, како и полициската работа во заедницата, можат ефективно да помогнат во спречување и борбата против тероризмот.
Коорганизатори на настанот се Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со поддршка на Владата на САД.