Путин: Русија секогаш ќе ги брани Русите во Украина

Од:

Русија секогаш ќе ги брани Русите што живеат во Украина, како и „оној дел од украинското население кое чувствува нераскинлива врска“ со Москва, изјави денеска во Виена рускиот претседател Владимир Путин по средбата со неговиот австриски колега Хајнц Фишер.

Путин изрази поддршка за мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко и го поздарви седумдневниот прекин на огнот во Украина, кој според него е ефикасна мерка за мировни преговори, кои треба да им обезбедат права на „жителите на украинскиот Југоисток“.

Тој нагласи дека Русија не поставила и не може да поставува никакви услови за преговрите меѓу украинските власти и „претставниците на јужните и источните региони во Украина“, бидејќи не е дел од конфликтот.

Ккао што јави ИТАР-ТАСС, осврнувајќи се на склучениот договор меѓу рускиот гигант „Газпром“ и австрискиот концерн ОМВ за гасоводот „Јужен Поток“, Путин рече дека реализацијата на овој проект не е поврзана со состојбата во Украина.

– „Јужен Поток“ претставува природен чекор за проширување на транспортната инфраструктура, нагласи Путин, додавајќи дека целта на овој проект не е „да биде заобиколена Украина“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски