(ФОТО) Струмица: Поставена туристичка сигнализација на културно – историски локалитети

Од:

Општина Струмица продолжува со интензивното спроведување на инвестиционите активности од проектот “Развој на алтернативни форми на туризам – Податоци за туризам”, финансиран од ЕУ, преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013 година.

Мапирани, класифицирани и категоризирани се 20 патеки (ридско – планински) на целата територија на општина Струмица, на кои ќе бидат поставени 70 знаци и патокази и 6 информативни табли со известувачка и насочувачка информација.

Досега поставена е соодветна туристичка сигнализација на вкупно 6 патеки, составена од 20 знаци и патокази и 2 информативни табли со известувачка и насочувачка информација. Овие патеки водат до едни од најзначајните културно – историски локалитети на општина Струмица и тоа: тврдината „Цареви Кули”, манастирот „Св. Илија”, црквата „Св. 15 Тивериополски Маченици”, Црквата „Св. Кирил и Методиј“, како и други позначајни места над градот Струмица.

Во наредните неколку дена, оваа активност ќе биде целосно завршена.

20140623_170114

20140623_165053

20140623_154937

20140623_154925

20140623_154122

20140623_152419

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски