Во Охрид обуки за спасување давеник во вода

Од:

Полициски службеници од полициските станици за граничен надзор „Охридско Езеро“, „Стар Дојран“, „Маркова Нога“ и „Стење“ деновиве во Охрид се обучуваат на тема „Спасување на давеник во вода“ и „Обука за укажување на прва помош“.

СВР Охрид денеска соопшти дека обуката за спасување на давеник во вода ја спроведуваат сертифицирани инструктори од Црвениот крст – Охрид, а во обуката за укажување на прва помош, покрај од охридскиот Црвен крст, вклучени се и инструктори од Англија.

– Теоретскиот дел за припадниците на граничната полиција се изведува во просториите на Црвениот крст, а практичните вежби на крајбрежјето, како и во водите на Охридското Езеро. Во завршниот дел е предвидено, по однапред подготвено сценарио да се симулираат мерките за спасување на давеник и давање прва помош, преку што ќе се врши оценување на полициските службеници за нивните стекнати вештини и знаења за спасување давеник, информира СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп