Лидерот на политичкото крило на Хамас, Халед Машал негира дека неговата организација има каква било информација со грабнувањето на тројцата израелски тинејџери на Западното крајбрежје пред 11 дена, но го пофали потегот на киднапирање.
-Немаме никава информација за исчезнувањето на трите војници. Ако навистина се работи за киднапирање, тогаш треба да ги поздравиме оние кои го направија тоа-рече Машал.
Израелските безбедносни извори велат дека Машаловиот говор во Доха би можело да биде сигнал на Хамас во Хеброн, да ги грабне момчињата. Еден од тие извори изјавил дека верува дека киднаперите не добиле официјална оперативна наредба за грабнување на Израелците.
Израелскиот премиер, Бењамин Нетањаху во недела повтори дека Израел има непобитни докази дека Израел ги грабнал тројцата тинејџери во подрачјето на еврејската населба Гуш Ецион, во близина на Хеброн.
Е. Г.