Исламски екстремисти киднапирале 60 девојки и жени, како и 31 момче, од село во североисточниот дел на Нигерија, јавија западни медиуми.
Засега нема потврда од локалните власти за киднапирањето од селото Кумабза, на 150 километри од Маидугури, главен град на државата Борно, каде во сила е вонредна состојба по речиси секојдневните напади од страна на припадници на исламистичката група Боко Харам.
Аџи Халил од локална група што се спротивставува на Боко Харам нагласи дека киднапирањето се случило во саботата, по напад во кој се убиени четворица селани.