Земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала ги погоди Алеутските острови на Алјаска, а за сега нема податоци за штета или жртви.
Наташа Руперт сеизмолог од Центарот за земјотреси на Алјаска вели дека на населението му се заканува опасност од цунами и дека жителите не можеле да излезат и да проверат дали имаат штета.
Интензитетот на земјотресот кој е регистриран во 12:53 часот според локално време, најпрвин е процент на 7,1 степен, но подоцна Руперт соопшти дека се работи за јачина од осум степени.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“, епицентарот бил на околу 20 километри југоисточно од островот Литл Ситкин, на длабочина од 96 километри, што е релативно плитко за област како Алеутските острови.
Центарот за предупредување од цунами во Палмер издаде предупредување до населението во крајбрежните области помеѓу Николски и Ату и повика да се евакуираат луѓето.
Предупредувањето се однесува и на подрачјето од Николски до Унимак Пас, каде што се очекуваат силни струи и високи бранови, но не и разорни поплави.
Е. Г.