Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево и потопло. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 28 до 34 степени.
Во Скопје претпладне сончево и топло, а попладне со развој на нестабилна облачност и со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Индексот на УВ-зрачењето ќе изнесува 8.