(ВИДЕО) Верификувана оставката на Аспазија Софијанова, оние на СДСМ ќе почекаат

Од:

Претседателот на собранието, Трајко Вељаноски денеска на дневен ред ја стави оставката на докторката Аспазија Софијанова а претениците едногласно го верификуваа повлeкувањето на лекарката од Парламентот.

Од Државната изборна комисја ќе побараат да утврди кој е следен на список од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за да ја замени во пратеничкото столче. Според изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1, местото на Софијанова во парламентот најверојатно ќе го добие актерката Јелена Жугиќ.

Иако Софијанова можеше пред пратениците да ја образложи оставката, такво барање до Вељаноски не стигнало.

Присутните пратеници во собранието го верификуваа и пратеничкото место на Мирсада Емина Асани од редовите на НДП на Руфи Османи кој по нејзината одлука да влезе во Собранието спротивно на партиската одлука за бојкот ја исклучи од партијата.

Иако минатата недела на дневен ред пред пратениците се најдоа и оставките на СДСМ, претседателот на собранието Трајко Вељаноски седницата ја откажа без да прецизира кога ќе се верификуваат 33-те поднесени оставки.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи