Во Кина приведени 380 лица осомничени за тероризам

Од:

Кинеските власти изминатиот месец во регионот Синџијан, во западниот дел од државата, приведоа 380 луѓе и разбија 32 терористички келии, објавија кинески медиуми.

Кина поведе борба против екстремистите по низа крвави инциденти посебно во Синјџијан каде живеат муслимани Ујгури.

Исламските сепаратисти од Синџијан според кинеските власти, сакаат да воспостават независна држава Источен Туркестан.

Според кинеските медиуми, за 315 приведени почна судењето под обвинение дека се поврзани со тероризам, а најмалку 13 од нив веќе се егзекутирани. Во операцијата против екстремистите загинаа шест полицајци.

Во полициксата акција запленети се 264 експлозивни направи, 357 парчиња оружје, 100 компјутери како и книги и ДВД за обука за извршување терористички напади.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција