„Сомнително лице“ на Албански театар-Скопје на „Скопско лето“

Од:

Албанскиот театар Скопје вечер во рамки на 35. „Скопско лето“ ќе ја изведе претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Бесфорт Идризи.

Во праизведбата на албански јазик на познатата драма на Нушиќ  учествуваат актерите Бајруш Мјаку, Фисник Зеќири, Теута Ајдини-Јегени, Мерлинда Саити, Дритеро Аме, Блерим Дарлишта, Генци Мирзо и Ибрахим Џемаили.

Текстот е адаптиран на актуелното време, така што дејството се случува во Скопје и ги допира проблемите од секојдневието.

– Преку овие промени, комедијата на Нушиќ лесно премина во сатира, односно критички ангажирана трагикомедија и „Сомнително лице“, токму на 150 од раѓањето на Нушиќ докажа дека во неа има алузии кои не застареле, има зборови кои може и денес да се кажат, има појави на кои денес може да им се покаже со прст и со тоа ги премина сите временски граници, обраќајќи и се на денешната публика, изјави режисерот Идризи.

Адаптацијата е на Илир Ѓоцај, сценографијата на Крсте С. Џидров, костимограф е Марија Пупуичевска, а изборот на музиката е на Оливер Јосифовски.

Претставата ќе биде изведена на плоштадот „Скендербег“, а во случај на дожд алтернативен простор е „Театар Комедија“.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија