Собранието ќе ја одржи шестата седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи шестата седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување, сите по скратена постапка, поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов.

На дневен ред се и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието на Република Македонија, како и предлог одлуките за избор на претседатели, нивни заменици, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија и на делегациите на Собранието во ПС на Советот на Европа, во ПС на ОБСЕ, во ИПУ, во ПД на ЦЕИ, во ПС на НАТО, во ПС на Медитеранот, во ПС на ПСЈИЕ, во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Пратениците треба да гласаат и за разрешување и именување член на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ и на Советот за статистика на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он