Турска делегација во посета на Академијата за судии

Од:

Во петдневна работна посета на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ од денеска ќе престојува делегација од Правосудната академија на Република Турција.

Турската делегација за време на престојот ќе ги посети Уставниот суд на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Управниот суд на Република Македонија, Апелацискиот суд Битола, Основниот суд Охрид и Министерството за правда на Република Македонија.

Целта на посетата, која се реализира во рамки на соработката меѓу двете академии, е  запознавање на Делегацијата со правосудниот систем на Република Македонија, а особено со поставеноста и достигнувањата на Академијата за судии и јавни обвинители и нејзината улога во унапредувањето на правосудството на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје