Португалија вечерва ремизираше со САД, 2:2 и ги задржа теоретските шанси за пласман во осминафиналето.
На само неколку секунди пред крајот, Варела постигна гол за бод, кој колку толку ќе ги одржи шансите за следната рунда во која Португалија ќе игра против Гана.
Само чудо може да ги одведе во следната рунда, а се е во рацете на Германија и САД, кои во последното коло играат меѓусебе и со едно реми би решиле сѐ.
Португалија во последното коло ќе мора да ја совлада Гана со победа над 4 гола разлика, и да чека помош со поубедлив триумф на Германија над САД за сензационално да се најде во осминафиналето.