Малезија и Тајланд побараа САД да го ревидира извештајот за трговија со луѓе

Од:

Малезија и Тајланд денеска официјално побараа САД да го преиспитаат извештајот на Стејт Департментот за трговија со луѓе во 2013 година, според кој двете држави со оценката „три’’ се вбројуваат во категоријата според која државите не направиле доволно за да се контролира, или запре оваа појава.

Во изјавата на малезиското министерство, оценките на Стејт Департментот се наречени необјективни. Малезија бара преиспитување на оценките и почитување на напорите на државаѕа во сузбивањето на трговијата со луѓе и шверцувањето на имигранти кои оваа држава ја сметаат како попатна станица кон Австралија.

Уште поостро реагира Тајланд.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи денеска оддржа прес конференција на која соопшти дека оценката на Стејт Департментот е целосно нереална. Напоменувајќи дека во борбата за спречување на трговијата со луѓе Тајланд има и реални бројки кои што го демантираат извештајот, Сишак Фуангтекоу наведе дека лани во таа држава биле откриени 400 случаи на трговија со луѓе, а за тоа на суд се дадени 200 лица, меѓу кои и 30 државни службенци.

Извештајот на Стејт департментот беше и повод големи трговски синџири од САД и Европа да прогласат бојкот на продажба на смрзнати и конзервирани ракови од Тајланд. Тоа може да биде сериозен удар на вкупната тајландска економија, бидејки од извоз на ракови Тајланд остварува над пет милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас