ЛДП бара награда од општина Битола за Наковска-Биковска

Од:

Либерално-Демократската партија и го честита извонредниот успех на нашата национална хероина Оливера Наковска –Биковска, која освои златен медал на Параолимписките игри во Лондон.

„Успехот со кој сите се гордееме е резултат на нејзината пожртвуваност, и повеќегодишна напорна и макотрпна работа, во услови кои се далеку од светските стандарди и во кои тренираат нејзините спортски противници“, велат во соопштението.

ЛДП апелира покрај она што и следува со закон, Оливера да биде соодветно наградена од Општина Битола и да и се обезбедат соодветни услови за тренинг.

„Инвестирањето и сесрдната подршка за спортисите, како што е Оливера, ќе биде поттик илјадници млади луѓе да тргнат по нејзините стапки и во иднина да бидат достојни репрезенти и претставници на македонскиот спорт“, велат од ЛДП Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ

Петкратен олимписки шампион во велосипедизам: Многу често се дрогирав, одев по јаже

А1он