Над 80 украински граничари се засолниле во Русија поради судирите

Од:

Повеќе од 80 украински граничари, од кои двајца се повредени, синоќа преминале преку контролниот пункт Изварино-Доњецк во Русија за да се засолнат од судирите меѓу украинските и проруските сили, јави ИТАР ТАСС.

Претставникот на пограничната управа на Федералната служба за безбедност на Русија за Ростовската област, Василиј Малајев изјави дека во текот на минатата ноќ непознати вооружени луѓе го нападнале украинскиот контролен пункт Изварино и дека на руска територија на пунктот Доњецк поради заштита од вооружените напаѓачи преминале над 80 украински граничари, од кои двајца се повредени.

Според него, на повредените украински граничари им била укажана лекарска помош.

Малајев додаде дека меѓу работниците на рускиот контролен пункт и цивилите нема повредени, а руската страна преземала дополнителни мерки за обезбедување на границата.

Павел Астахов, советник на рускиот претседател за правата на децата, истакна дека на украинско-руската граница при премин во Ростовската област било пукано и врз еден автобус, со кој патувале жени и деца.

Возачот успеал да ги избегне истрелите, но засега не се знае дали некој е повреден од патниците во автобусот.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски