ФОТО: За десетина дена нов потпорен ѕид на градинката „Кочо Рацин“

Од:

Општина Центар работи на расчистување на остатоците од потпорниот ѕид кој се урна во четвртокот, во дворот на градинката „Кочо Рацин“ – клон Панорама.

Nov potporen dzid - Gradinka Koco Racin (1)

Надлежните во општина Центар најавија дека ќе пристапат кон кршење на остатоците од ѕидот, дури и оној дел што е напукнат ќе се урне комплетно и веднаш ќе се пристапи кон изградба на нов, сериозно армиран потпорен ѕид со појаки темели.

Nov potporen dzid - Gradinka Koco Racin (2)

Ако се оди според планираното и согласно временските услови, санацијата ќе биде извршена за десеттина дена.

Nov potporen dzid - Gradinka Koco Racin (4)

По уривањето на ѕидот, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски кажа дека ќе стави крај на урбаното дивеење на Водно.

Nov potporen dzid - Gradinka Koco Racin (5)

-Ова веќе тринаесет години ја доведува во опасност стабилноста на мегаломанските објекти и сигурноста на жителите.

Nov potporen dzid - Gradinka Koco Racin (6)

Општина Центар веќе стапи во контакт со катедрата за геомеханика при Градежниот Факултет во Скопје, за да се изработи студија за геомеханичката стабилност на областа Тасино Чешмиче, а од ИЗИС ќе се побара анализа за носивоста и за живоста на земјиштето, соопштуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски