Москва: Примирјето на Киев е ултиматум

Од:

Русија остро ја искритикува најавата за прекин на огнот, која вчера ја објави украинскиот претседател Петар Порошенко и оцени дека се работи за „ултиматум“ упатен до проруските сили на југоисток на Украина да го предадат оружјето.

-Првата анализа за жал покажува дека тоа не е повик за мир и преговори, туку ултиматум упатен до бунтовниците на југоисток на Украина, да го предадат оружјето- соопшти синоќа Кремељ.

Порошенко вчера во текот на својата прва посета на исток на Украина, од како стапи на должноста претседател, нареди прекин на огнот во Словјаногирск, на околу 30 километри од областа околу која се водат главните борби кај Славјанск.

-Денес 20-ти јуни, стапува на сила прекин на огнот и ќе трае до 27-ми јуни. Тоа е повеќе од доволно, за да започне процес за разоружување-додаде тој.

Неговата канцеларија сепак прецизираше дека примирјето не подразбира дека украинските сили нема да одговорат, доколку бидат нападнати.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски