САД соопштија дека имаат информации дека Русија подготвува дополнителен број тенкови за испраќање во Украина и оти Вашингтон интензивирал разговори со ЕУ за можно воведување поостри санкции за руската одбранбена индустрија и висока технологија.
– Имаме информации дека дополнителен број тенкови се поместени од местата каде беа распоредени, изјави официјален претставник кој побарал анонимност.
Тој додал дека „постои идеја на Русија да и се скратат инвестициите и следната генерација технологии потребни за продолжување на растот. Разговорите со ЕУ се интензивирани во изминатата недела“. САД додадоа седум Украинци и Руси на листата на лица за кои се воведуваат санкции заради операцијата во источна Украина.