(ВИДЕО) Дрндаревска: Ги поканивме провладините новинари да дискутираат на дебата за ЛГБТИ правата, но немаат време

Од:

Со вечерашното отворање на изложбата „“Јазик, идеологија и насилство“ во монтажната галерија на Паркот на франкофонијата, започнува „Неделата на гордоста“, која по втор пат ќе се одржуи во Скопје. ЛГБТИ невладините организации не очекуваат некакви инциденти поврзани со организирање на настаните, како што тоа беше случај минатата година, кога за време на „Неделата на гордоста“ беше демолиран ЛГБТ – центарот во Стара Чаршија, а се случи и претепување на малолетник на плоштад „Македонија“.

– Од медиумите и од говорот на омраза којшто потекнува од нив, не постои најава на такви настани, но никогаш не се знае. Се надеваме дека нема вакви инциденти нема да се случат, а организацијата е уредно пријавена и во полиција. Хомофобичните кампањи што се спроведуваат кон ЛГБТИ заедницата од институциите на системот и провладините медиуми обично се активираат кога сакаат да се замајува јавноста или да се обвини ЛГБТИ популацијата за сите останати проблеми во општеството, а Македонија моментално е во процес на креирање Влада, имаме криза во Парламентот, но и Светско првенство во фудбал – изјави Драгана Дрндаревска од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Како што вели Дрндаревска, целта на „Неделата на гордоста“ е да се поттикне видливост на ЛГБТИ – заедницата која што во моментот не е ни правно признаена од Владата.

Таа најави дека на 22 јуни ќе се организира дебата на тема „Парада – провокација или потреба?“.

– Од толку хомофоби никој не сака да одлучи да дебатира со нас. Aпел до сите оние кои имаат понакви ставови од нашите – да дојдат да дискутираат во фер дебата. Лесно е во владини емисии да плукаат по заедницата а фер е да се дискутира и јавно да се спротиставиме – изјави Дрндаревска.

Таа вели дека на дебатата биле поканети неколку новинари кои во јавноста се познати по своите хомофобични ставови, но тие одбиле да присуствуваат со изговор дека имаат премногу обврски.

Настаните кои ќе се одржат во рамките на „Неделата на гордоста“ предвидуваат одржување на изложби, проекции на филмови, работилници, забави и дискусии, а поврзуваат теми со правата на ЛГБТИ заедницата, родот и сексуалноста, феминозмот, сексуалното образование и права на селсуални работници и лица кои живеат со ХИВ.

Во рамките на неделата на гордоста ќе се проектираат и филмовите „Врела крв“, „We were here“ и документарецот на Наташа Гелева „Што е парада?“.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on