Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се избори за полуфинале на фјучрс турнирот во Ниш откако во четвртфиналето денеска ја победи Унгарката Цила Аргиелан со 6:3 и 7:6 (9:7).
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против победничката од дуелот Деа Херџелас (Босна и Херцеговина) и Ема Полиќ (Србија).
За разлика од Ѓорческа, Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Стара Загора, Бугарија. Подобар од него беше првиот носител Русинот Карен Качанов со 6:2 и 6:4 во сетови.
И за Ѓорческа и за Јотовски денеска остануваат да ги одиграат финалните мечеви во двојки на турнирите.