Веб порталот Алмакос, повикувајќи се на информации добиени од нејзините читатели надвор од Македонија информира дека е во тек нова политичка иницијатива на албанската дијаспора од Македонија.
Таа иницијатива се состоела од подготвување на меморандум во кој ќе бидат наведени мерки и предлози за подобрување на политичката застапеност на Албанците во Македонија.
Се дознава дека централно барање ќе биде една од трите високи функции во државата, претседател, претседател на Собрание или Премиер, да биде Албанец.
Посебен ангажман за овој меморандум презеле структурите и организациите на Албанци од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија и САД.
Тие преку координирања, лобирање и контакти со албанските партии сакаат да издејствуваат најмалку премиерот да биде Албанец. Ова барање е посебно забрзано токму сега кога неидентификувани извори од македонската дијаспора ја обвинија македонската опозиција дека стреми кон тоа.
Опозицијата демантираше категорично но тоа изгледа придонело од друга страна, албанската дијаспора со посебен третман сега да се труди да го изведе ова при прва промена на политичките сили, било после избори било при ново парламентарно мнозинство.