Велес ќе потроши речиси 28.000 евра за промотивен материјал

Од:

Речиси 28.000 евра општина Велес ќе одвои за промоција или како што стои во огласот на бирото за јавни набавки за припрема и печатење на промотивен материјал.

Општината вредноста на услугата ја проценила на 1.694.915 илјади денари или околу 28.000 евра без вклучен ДДВ.

Од општина Велес објаснија дека станува збор за покани за настани, флаери, репрезентативни хартиени кеси, визит карти, плакати и постери, новогодишни честитки, календари, разгледници, нотеси и тефтери.

Во тендерската спецификацја стои дека дел од јавната набавка се и и изработка на брошури, книги, каталози, ЦД опаковки како и обрасци за службени материјали и даночни пријави.

Договорот со најповолниот понудувач ќе трае една година.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ