По два меча за Ѓорческа и за Јотовски

Од:

Лина Ѓорческа и Томислав Јотовски денеска ќе одиграат по два меча на фјучрс турнирите во Ниш (жени) и Стара Загора (мажи). И двајцата имаат идентична програма, најпрво играат мечеви од четвртфиналето во поединечна конкуренција, а потоа финале во игра на двојки.

Ѓорческа, која е втора носителка на турнирот во Ниш ќе игра против Унгарката Цила Аргиелан. Во двојки заедно со Марина Лазиќ (Србија) во борба за пехарот ќе играат против Александра Нанкарон (Австралија) и Марија Сакари (Грција).

Јотовски (8.носител) ќе има потешка задача бидејќи во сингл четвртфиналето ќе игра против првиот носител Карен Качанов од Русија. Во финалето на двојки со Немрин Фатиќ од Босна и Херцеговина ќе играат против вторите носители Јан Блеча (Чешка) и Александар Лазов (Бугарија).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров