Одбележување на денот на СОС Детското село

Од:

СОС Детското село во Скопје денеска го прославува денот на „СОС Детското село“ кое во Македонија функционира од 2002 година кога беше згрижено првото дете. На одбележувањето ќе присуствува и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Селото денес има 12 семејни и две младински куќи каде се згрижени 107 деца и младинци без родители и родителска грижа.

Освен во полето на заштита, организацијата СОС Детското село – Македонија е активно и во полето на превентивата со два советодавни Центри кои функционираат во рамките на оштините Гази Баба и Шуто Оризари.

Под закрила на организацијата СОС Детското село – Македонија се близу 400 деца без родители и родителска грижа и деца кои се во ризик во рамките на своите биолошки семејства.

На свеченоста предвидено е обраќање на министерот Спасов и на директорот на СОС Детско село Скопје, Виолета Георгиевска.

Ќе бидат доделени плакети за континуирана поддршка и посветеност на градоначалникот на Општина Гази Баба  Тони Трајковски и на министерот за труд и социјална политика, Спасов, како и на останати донатори, поддржувачи и соработници на СОС Детското село во текот на изминатата година.

Прославата ќе ја збогатат и дечињата од СОС Детското село со балетска точка и рецитал.

Би можело да ве интересира

Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Ана Ололовска

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска