„Слики – Спомени – Незаборавни судбини од XX-от век“ е насловот на изложбата на документирана фотографија што ќе биде отворена денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија по повод одбележувањето 70 години од унгарскиот холокауст.
Изложбата раскажува за исклучителните личности од унгарската култура и наука Телер Еде, Силард Лео, Габор Денеш, Молнар Ференц, Броди Имре, Нојман Јанош, Краус Габор, Корда Шандор, Калман Имре, Ленѓел Мењхерт. Ќе ја отвори амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Јожеф Бенце.