Две години од кобната несреќа кај Пливалиште во Струга

Од:

Денес се навршуваат две години од големата несреќа во Струга кога на 11-ти септември 2010-та година во близина на плажата Галеб, кај местото познато како Пливалиште од струен удар загинаа тројцата видни граѓани на Струга д-р Јосиф Докоски, д-р Киро Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески.

Во спомен на тројцата загинати, фамилиите на загинатитие минатата година на местото каде што се случи трагичната несреќа која ја потресе цела Струга поставија спомен обележје. Ова треба да биде паметник на едно време на една човечка неодговорност и негрижа, спомен на болка и многу пати поставуваното прашање дали требаше да се случи ваква трагедија.

Во исто време ова треба да биде место на надеж дека трагично загинатите на кои им беше одземен животот и радоста не се заборавени. Нивната и наша трагедија треба да опоменува, предупредува и променува.-стои на спомен плочата.
За предизивикување на тешки дела против општата сигурност на луѓето, Основниот суд во Струга за виновни ги прогласи тројцата косопственици на шанкот Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески.

Судот и им изрече вкупна казна затвор во траење од 10 години и 4 месеци.Но по жалба на одбраната на обвинетите, Апелациониот суд во Битола предметот го врати на повторно разгледување.Повтореното судско рочиште продолжува денес во Основниот суд во Струга.

Во ноември минатата година Апелациониот суд во Битола расправајќи по жалба на обвинетите ја укина оваа пресуда и предметот го врати на повторно судење. Овој судски процес се уште трае, а ново рочиште треба да се одржи токму денес на двегодишнината од големата трагедија.

Јавното обвинителство пред почетокот на повторениот судски процес го измени обвинителниот акт, со што обвинетите Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески нема да одговараат како соучесници, туку ќе се утврдува одговорноста на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат „предизвикување тешки дела против општата безбедност“.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“