ВИДЕО: Власта се потресе од Топузова

Од:

Претеничката Роза Топузова – Каревска, единствената засега која одлучи да не ја послуша одлуката за бојкот на Собранието седна во пратеничката фотелја, а од говорницата го критикуваше експозето на мандатарот на новата Влада, Никола Груевски.

Топузова кажа дека изминатиот изборен процес бил проследен со низа нерегуларности, кои дел од нив се нотирани во извештајите на ОБСЕ и ОДИХР, но нејасно е што бара во такво собрание и зошто го прифаќа мандатот ако нешто не е во ред со регуларноста.

Со самото тоа што таа седна во удобната пратеничка фотеља и дебатира од говорницата, веќе ја испрати пораката дека изборите се регуларни.

Топузова говореше и за неодвоеноста на партијата од државата, странските инвестиции, критикуваше и дел од програмата на ВМРО – ДПМНЕ во однос на отпишувањето на долговите на социјално ранливите граѓани, сето она што многупати е слушнато од страна на опозицијата и што најмалку се очекува дека таа може ќе го измени.

Оправдувањето дека нема да се приклучи на бојкотот, зашто сакала да се бори во Собранието денеска можеше да се види дека во најмала рака е комично. Топузова повеќе не е дел од опозицијата, и од нејзиното дејствување се оградија и матичната партија ЛДП и опозицијата.

Кого го претставува и што беше клучно за овој потег на пратеничката ќе биде појасно за извесно време.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК