ЕУ: Новата косовска влада мора да го продолжи дијалогот со Белград

Од:

Кабинетот на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон денеска порача дека кој и да формира влада во Косово, ЕУ очекува од нив да продолжат со дијалогот со Белград и воедно, да ги спроведува постигнатите договори, објави весникот Зери.

– Очекуваме новите власти во Приштина да продолжат со дијалогот и имплементација на Договорот од 19 април 2013 година – вели портпаролот Маја Коцијанчич за весникот.

Иако еден од условите на Самоопределување е дијалогот со Србија да се стави во мирување, кандидатот на ДПК и АИК за косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот ќе продолжи.

– Дијалогот со Белград нема да прекине. Напротив, треба да се види што може да добиеме од тој дијалог – изјави тој за приштинскиот весник.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица