Јотовски во четвртфиналето во Стара Загора

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски ќе игра во четвртфиналето на фјучрсот во Стара Загора. Тој денеска со 2-0 во сетови (6:1 и 6:3) го победи Фердун Шевкедов од Бугарија.

За разлика од вчерашниот меч во 1.коло кога одигра 35 гема, Јотовски во 2.коло против домашниот тенисер играше само 16.

Противник во четвртфиналето ќе му биде победникот од мечот на бугарските тенисери Карен Качанов (1.носител, 416 место АТП) и Пламен Милушев (игра со вајлд карта, 1.528 место).

Јотовски попладнево во двојки со Нермин Фатиќ (БиХ) играат полуфинале.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров