Романска гимнастичарка со олимписки медал работи како проститутка во Германија

Од:

Романската гимнастичарка Флорика Леонида, која 2004-тата година за својата земја го освои сребрениот олимписки медал во гимнастика, по своето повлекување од спортот се преселила во Германија, каде планирала да работи како фитнес тренер. Но наместо тоа, откако западнала во тешки финансиски проблеми, излезот во беспарицата го пронашла во проституцијата – пренесува романскиот весник Канкан.

Во нејзината родна земја никој не знаел што се случува со олимписката шампионка, сега во 25-тата година, се додека весникот на открил нејзина фотографија на еротски сајт на кој се преставувала како “Ина“ и се рекламирала како исклучително спортски тип. Малкумина препознале дека своите сексуални услуги им ги нуди вистинска спортска ѕвезда.

Ова не е прв скандал во гиманстичарската национална екипа на Романија. Гиманстичарките кои многу рано завршуваат со овој спорт, кој и онака не е многу доходовен, се соочуваат со егзистенцијални проблеми.

2003-тата кога Леонида ја освоила олимписката медалја, три поранешн гимнастичарки, меѓу кои повеќекратната шампионка Лавинија Молошевиќ, потоа Клаудија Пресекан и Корина Унгурена се сликаа за јапонскиот магазин “Шукан гендаи“ облечени само во танга гаќи како изведуваат вежби на греда. Тогаш поради овие фотографии спортската федерација им забрани пет години да се занимаваат со спорт.

Би можело да ве интересира

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Горан Наумовски

ВИДЕО: Саудијците предупредувле за напаѓачот од Магдебург, Германија игнорирала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Германија сака да ја исламизира Европа“ – нови детали за напаѓачот од Магдебург

Катерина Ѓуровски

Македонски доктори спасуваа животи по нападот во Магдебург

А1он

(ВИДЕО) Бројот на загинатите во Магдебург се искачи на пет

А1он