Општината Битола, родниот град на олимпијката Оливера Наковска Бикова, ќе го пречека новиот спортски херој, со музичко – спортски хепенинг на плоштадот Магнолија.
Од кабинетот на градоначалникот Владимир Талевски информираат дека очекуваат многуброен народ, спортисти и сограѓани кои изразиле желба да ја поздрават и да и честитаат на Накова Бикова која на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал.