(ВИДЕО) Жерновски: Ќе се преиспита градежната експанзија на Водно

Од:

По уривањето на потпорниот ѕид во градинката Кочо Рацин – Панорама, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски најави дека ќе ја преиспита градежната експанзија на Водно.

-Овој пат имаше среќа во несреќа бидејќи се случи во раните утрински часови и децата сеуште не беа тука. Доколку со ова се продолжи – последиците ќе бидат трагични. Општина Центар ќе преземе конкретни мерки да го стопира ова. Со донесувањето на криминогените ДУП-ови за територијата на општина Центар во последните 13 години, битно се измени физичката структура на Водно, каде беспоштедно се крчмеше просторот и беше полигон на бизнис групите, без да се води сметка за последиците: Загрозена сигурност на околните градби, појава на свлечишта, уривање на потпорни ѕидови“, рече Жерновски.

Жерновски најави дека ќе порача стручна анализа на универзитетско ниво на планови и истражувања за гео-механичката стабилност на тлото.

-Општината, до изработка на анализите, ќе ја ограничи градбата во критичните зони и ќе се преиспита постојната спратност.Мора да се стави крај и да се спречи зголемување на катноста за во иднина да нема вакви катастрофи, рече Жерновски.

Децата во градинката Кочо Рацин – клон Панорама не се во никаква опасност, општината почна да го отстранува урнатиот потпорен ѕид, а ќе го отстрани и оној кој не е паднат, но е веќе напукнат. Урнатиот потпорен ѕид е граден пред десеттина години, имаше дебелина од 15-20 цм, недоволна за да може да го задржи земјиштето.

Оваа опасност демнее и на неколку други локации каде што се изградени големи зданија, сега тече вода по куќите и улиците.

Според општината, дозволите за огромните згради на Водно се од претходните раководства, а откако Андреј Жерновски е градоначалник на Центар, до сега немал издадено ниту една ваква дозвола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар