Албанската полиција одлучна, останува во Лазарат до уништувањето на последната садница марихуана

Од:

 Почнува да се финализира пресметката што албанската полиција пред пет дена ја почна со албанската нарко мафија концентирана во селото Лазарт, околија Ѓирокастро, на југот на земјата, во која се ранети еден полицаец и неколку цивили меѓу нив и двајца овчари од заталкани куршуми, јави дописникот на МИА од Тирана.

Од 1997 година селото се смета за бастион, во кој полицијата не можеше да влезе иако јавна тајна е дека во него годишно се произведуваат 900 тони марихуана вредна 4,5 милијарди евра, што е половина од БДП. Секогаш беше пречекувана со пукотници. Првпат влезе пред десет години, но, за големо чудо, не најде ништо, ни садници, ни готова марихуана.

Просечната цена за килограм марихуана, во ова село е околу 350 евра, но со „дополнителниот данок” од препродавачите дрогата се продава по 500 евра, која се зголемува до крајната дестинација на 800 евра за килограм на големо.

Според последните информации уништени се над 80 илјади стебла и садници марихуана, околу 13 тони марихуна, запленето е оружје, уапсени се 13 лица во чии домови се пронајдени најголемите колични дрога и оружје, а откриени се и две лаборатории за дрога.

Меѓу најпознатите нарко шверцери, кој сам се предал на полицијата е Разип Гате Махмутај (46), кој во 2001 година бил осуден на 22 години затвор, токму за шверц со дрога, но по пет години минати во затворска ќелија, во 2006 бил помилуван од страна на тогашниот претседател на Албанија, Алфред Мојсиу. Тој и понатаму ги отфрла сите обвинување и тврди дека по излегувањето од затвор се занимавал со сточарство.

Во селото сеуште се присутни 800 полицајци од Тирана,  Ѓирокастро, Фјер и Скадар, како и припадници на РЕНЕА, Делта одредот и специјалци со пет блинидрани и 60 други возила, а од денес се вклучени и два хеликоптера кои го надлетуваат селото.

Директорот на албанската полиција Артан Диди ја пренесе одлучноста на полицијата селото целосно да го стави под котрола селото, нагласувајќи дека остануваат се до уништувањето на последната садница марихуана.

За премиерот Еди Рама спроведената акција во Лазарат „високо ја подигнала главата на Албанија“, бришејќи го селото од европската карта на дрога.

– Полицијата и ја подигна високо главата на Албанија во Европа и го избриша Лазарат од европската карта на дрогата, напиша Рама на Твитер и побара од жителите да се солидаризираат со полицијата.

И албанските и странските медиуми често објавува инфирмации за селото „мека на марихуаната“, дека во индустријата на производството најквалитетните холандски сорти се вклучени цели семејства, а за добра заработувачка тука доаѓаа и студенти и жители од многу делови на Албанија. Дел од домашните медиуми сметатат дека наближувањето на датумот кога ЕУ треба да одлучи за кандидатскиот статус на земјата бил пресуден за превземање на оваа акција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“