Лани регистрирани 1.275 дивоградби

Од:

На територијата на Македонија лани се регистрирани 1.275 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Нелегално се изградени 247 објекти за домување (19,4 проценти), 174 доградби, надградби  и адаптации (13,6 проценти), 108 деловни објекти (8,5 проценти), 100 гаражи (7,8 проценти), 201 огради (15,8 проценти), 13 скалила (1 процент), 105 настрешници (8,2 проценти), 126 времени објекти (9,9 проценти), 132 помошни објекти (10,4 проценти), 58  тераси (4,5 проценти), 11 летни тераси (0,9 проценти).

Прегледот на статистика покажува дека во 2013 година се евидентирани најмногу дивоградби во Скопје, 484, по што следат Охрид со 94, Струмица 73, Прилеп 43, Штип 41, Липково 40, Струга 35, Куманово 31, Чашка  и Дебар со по 27, Тетово 21, Кичево и Кочани со по 20…..

Најголем број бесправно изградени објекти (98,3 проценти) се во приватна сопственост.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот