Французинот Жорж Ширит дошол до идеја да ги усогласи традицијата и високата технологија.
Заедно со група занаетчии изработуваат „стилски“ компјутери, кои слободно можат да се вклопат во стилот на Луј XV и Луј XVI.
Во неговата работилница во предградието на Париз се создаваат елегантни компјутери, чии монитори имаат позлатени рамки, украсени со мермерни столбови и кожни тастатури.
Цената на овие луксузни компјутери почнува од 17 илјади евра и зависи од стилот и степенот на обработка.
Какви се модели постојат можете да погледнете на chirita.com.