Од 20. до 29. јуни по втор пат во Скопје ќе се одржи Неделата на гордоста (Skopje Pride Week). Истата вклучува серија на настани како изложби, проекции на филмови, дебати, работилници, забави и дискусии. Настаните на Неделата на гордоста покриваат теми поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата, родот и сексуалноста, феминизмот, сексуалното образование, правата на сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ.
Во рамките на неделата на гордоста ќе се проектираат и филмовите „Врела крв“, „We were here“ и документарецот на Наташа Гелева „Што е парада?“. Централни настани на Неделата на гордоста се отварањето на изложбата „Јазик, идеологија и насилство“, јавната дебата „Pride: провокација или потреба“ и завршниот настан во Паркот на франкофонијата кој ќе вклучува архива на ЛГБТИ активизмот во Македонија.
Целта на Неделата на гордоста е да ја зголеми видливоста на ЛГБТИ заедницата, да посочи на насилството и дискриминацијата и да алармира кон институциите на системот да превземат мерки кон нивно надминување.
Целосната програма може да се види ОВДЕ